05 Декември, 2025
0.1131

ВРШАТ ЈАВНИ НАБАВКИ БЕЗ ЛИЦА СО ПОЛОЖЕН ИСПИТ, ИМААТ МАЛ БРОЈ ПОНУДИ – еве што сѐ утврди анализата на општинските тендери

Објавено во: Финансии 04 Јули, 2024 07:33

Добивај вести на Viber

Општините кубураат во вработени кои имаат положен испит за лице за јавни набавки, голем дел од нив имаат мал број понуди на тендерите, а исто така има и такви кои имаат само по една компанија која се јавува на јавните набавки.

Истражување направено од Центарот за граѓански комуникации, покажа дека ниту една општина не ги спроведува јавните набавки со високо ниво на заштита од корупција. Поголем дел од општините, односно 43, како и Градот Скопје, се со ниско ниво на антикорупциски перформанси во јавните набавки. На дното, со 31 проценти остварени перформанси се Кратово и Гостивар, а на врвот, со 70 отсто е Кавадарци.

-  Слабите резултати на општините во однос на антикорупциските перформанси во јавните набавки се последица на несоодветни кадровски капацитети, недостиг од политики и процедури кои треба да придонесат кон подобрување на капацитетот за спроведување на јавните набавки, слабости во планирање на набавките, висока концентрација на една фирма во јавните набавки, висока примена на е-аукцијата, чести поништувања на постапките, анекси на склучени договори – се нагласува во анализата.

Притоа се посочува дека ниту една општина нема остварување на антикорупциските перформанси над 80 отсто за да влезе во зелената зона со високо ниво.

Според рангирањата, произлегува дека со пониско ниво на антикорупциска заштита се спроведени тендери со поголема вредност. Поконкретно, вредноста на јавните набавки на општините со ниско ниво на антикорупциските перформанси изнесува 66 милиони евра, додека, на општините со средно ниво вредноста на тендерите изнесувала 53 милиони евра. Општините и Градот Скопје во текот на 2022 година спровеле вкупно 3.875 постапки за јавни набавки, преку коишто склучиле 3.511 договори за јавна набавка. Вредноста на набавките им изнесува 73 милијарди денари, односно 119 милиони евра.

- Град Скопје има најголема вредност на јавните набавки од дури 15 милиони евра, а е во групата со ниско ниво на остварување на антикорупциските перформанси од само 42 отсто. Со висока вредност на јавните набавки, а во групата со ниско остварување се и општините Битола, Штип, Куманово и Гостивар – се нагласува во анализата.

Дури 12 општини немаат ниту еден вработен со положен испит за лице за јавни набавки, што е во спротивност со Законот за јавни набавки, се посочува во анализата. Воочени се и големи разлики во оптоварувањата на вработените кои вршат работи од областа на јавните набавки. Во Општина Берово еден вработен спроведува 66 тендери годишно, а во Лозово и Арачиново по само 2 тендери. Најголем број вработени кои вршат работи од областа на јавните набавки има Град Скопје, со 13 вработени, од кои 10 имаат положен испит. Следуваат општините Чашка, со 8, и Охрид, со 7 вработени. 

Во 34 општини едно лице спроведува од 25 до дури 66 постапки за јавни набавки. Од ЦГК нагласуваат дека во општините каде вработените спроведуваат голем број постапки речиси е невозможно да се преземат сите неопходни мерки за превенција од корупција. Но, исто така нагласуваат дека во општините каде вработените вршат работи од областа на јавните набавки и спроведуваат само неколку набавки годишно имаат и други задолженија.

Анализата покажала дека просечно на ниво на сите општини, плановите се менуваат за 28 отсто, а процентот на реализација на јавните набавки е 68 проценти. Целосна реализација или висок процент на реализација има кај општините Петровец, Центар Жупа, Делчево, Ранковце и Боговиње, но тој е проследен со висок процент на промена на плановите за јавни набавки. Така што, во однос на планирањето, се чини дека најдобри резултати има Општина Кавадарци, каде што процентот на измени на планот е 28 отсто (средно ниво), а процентот на реализација – високи 95 проценти.

Истражувањето покажало дека само 13 општини при објавата на огласите за тендерите поставуваат подолги рокови за прибирање понуди од законски пропишаните минимални рокови. Во однос на примената на електронската аукција, таа и натаму е доминантна во општинските тендери.

Просечниот број на понуди по тендер на општините изнесува 3.22 понудувачи по тендер и е поголем од националниот просек. Најмал број понуди е воочен во помалите општини. Поголем дел од општините, односно 49 од нив и Градот Скопје, се позитивно оценети во однос на овој индикатор бидејќи имаат повисок број на просечни понуди по тендер од националниот просек. Под просекот во однос на добиените понуди се 31 општина, меѓу кои најнизок број понуди имаат општините Долнени, со 1,26, и Центар Жупа, со 1,73 понуди по тендер. Највисок број понуди, пак, имаат Штип, со 5,21, и Студеничани, со 4,90.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката