05 Декември, 2025
0.0543

Врз основа на кои критериуми банките одлучуваат дали ќе добиете кредит или не?

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2014 09:09

Добивај вести на Viber

Иако, банките во моментите кога ја донесуваат одлуката за тоа кого и колку ќе го кредитираат, тие се обврзани тоа да го направат според детална анализа, сепак иднината е неизвесна и моменталните сознанија не секогаш успешно ја предвидуваат. пишува Тања Ѕалева, Стопанска банка , а.д. Битола Банките во Република Македонија, со последните објавени податоци покажуваат назадување во нивното работење. Нефункционалните побарувања кои ги имаат кон своите клиенти, по светската финансиска криза од 2008 година, се во постојан пораст што говори многу за економската состојба во која се наоѓа нашата држава, односно говори за финансиската состојба на секој бизнис/поединец засебно. Поради ваквата ситуација во земјата, Народната банка на Р. Македонија ги шири обрачите со кои ги стегаше комерцијалните банки, а се со цел тие да имаат што повеќе средства кои ќе можат да ги пласираат на пазарот по соодветни цени, од каде се очекува заживување на економија во целост. Од друга страна пак, за да исполни една од своите основни цели  НБРМ постојано будно го следи работењето на банките. Со донесувањето на актите (одлуки, супервизорски циркулари итн.), кои банките се должни да ги почитуваат, таа го насочува и контролира нивното работење. Од тука, банките не само поради НБРМ, ами и за постигнување на нивната основна цел –максимизирање на профитот, потребно е паметно да ги пласираат своите средства во што е можно помалку ризични пласмани. За да се заштитат банките мора да знаат кому и зошто ги даваат своите средства, но уште поважно е да ги обезбедат своите пласмани со што е можно поквалитетни и поквантитени колатерали. Поради тоа, банките користат најразлични модели на кредитни анализи преку кои ја оценуваат ризичноста на секоја инвестиција/пласман. Најчесто банките го користат методот на кредитна анализа познат како 5К. За потребите на кредитната анализа кредитобарателот се анализира според капацитетот, капиталот, колатералот, условите и карактерот. Капацитет (capacitеs) -банките секогаш кога ги даваат своите средства на користење на својот клиент, тие ја оценуваат неговата способност да го врати својот долг кон банката. Всушност ова е најважно К за банките, бидејќи на крајот на денот, секоја банка ги сака своите пари назад. Најчесто анализата на капацитетот на клиентот се состои од следниве компоненти: анализа на паричните текови, кредитната историја на клиентот и алтернативните извори на средства кои му се на располагање на клиентот при враќањето на неговиот долг кон банката; Капитал (capital) – капиталот ја претставува инвестиција на сопственикот во својот бизнис, односно тоа се неговите сопствени средства кои би биле изгубени во случај бизнисот да пропадне. Банките секогаш сакаат да знаат со каков капитал располага кредитобарателот. Дали има доволно сопствени средства кои ќе ги вложи во бизнисот за кој бара кредитна поддршка? Важно е да се знае дека ниту една банка во светот не кредитира 100% од финансиските потреби на некој проект; Услови за обезбедување на кредитот (collateral) –банките секогаш практикуваат повратот на своите пласирани средства да го обезбедат преку добивање на соодветен и квалитетен колатерал од страна на кредитобарателот. Со тоа, банката ќе се осигура во вистинската посветеност на кредитобарателот кон бизнсиот кој го почнува и неговите чесни намери кон банката; Услови во кои работи кредитобарателот (conditions) -деловното окружување во кое работи кредитобарателот е исто така многу важно за банката при кредитната анализа, со цел да има увид во надворешните фактори кои можат да бидат надвор од контрола на кредитобарателот, како на пример економски и безбедносни ризици за конкретниот бизнис. Исто така, банките прават целосна анализа од сите аспекти на можноста за успех на бизнисот во кој инвестираат и при тоа тие настојуваат да согледаат дали нивната инвестиција ќе му помогне на кредитобарателот или само ќе му биде дополнителен товар, што во некои случаи придонесува за пропаѓање на бизнисот; Карактер (character) – на банките, исто така, му е важна личната историја на кредитобарателот. Банките се интересираат кој сте вие, каде живеете, какво образование имате, кое е вашето работно искуство, какво работно искуство имате во бизнисот за кој барате кредитна поддршка, дали имате кредитни обврски и заостанати долгови, каков е вашиот углед во околината во која живеете и работите итн. Од тука, за да можат банките да се сигурни во враќањето на нивните инвестиции тие мора добро да анализираат на кого, како и зошто му ги даваат своите средства на користење. Иако, банките во моментите кога ја донесуваат одлуката за тоа кого и колку ќе го кредитираат, тие се обврзани тоа да го направат според детална анализа, сепак иднината е неизвесна и моменталните сознанија не секогаш успешно ја предвидуваат. Затоа, покрај тоа што ќе се оцени бонитетот на клиентот, банките секое свое побарување мора да го обезбедат со соодветен колатерал, кој би го искористиле за да ги затворат во целост своите побарувања кон конкретниот клиент доколку тој стане несолвентен односно престане да плаќа и замине на достасани или во најлош случај нефункционални конта. Банките при извршувањето на својата основна дејност мора да посветат најголемо внимание на тоа каде ги пласираат своите средства, како ги обезбедуваат своите идни приноси и кој е нивниот опортунитетен трошок.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката