ВТОР ДЕН ПО РЕД: Се зголемува цената на златото поради тензиите меѓу САД и Русија
Објавено во: Економија 19 Ноември, 2024
Цената на златото нагло се зголеми.
Цените денеска скокнаа втор ден по ред, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите за безбедното средство во услови на ескалација на тензиите меѓу САД и Русија околу Украина. Една унца злато на физичкиот пазар попладнево се тргуваше по цена од 2.637 долари.Тоа е највисока цена од 11 ноември и за еден процент повисока од вчерашното затворање на трговијата. За ист процент се зголеми цената на златото на американскиот пазар, на 2.641 долар за унца. Златото обично поскапува во време на геополитичка неизвесност и во услови на ниски каматни стапки, потсетува Ројтерс. По победата на Доналд Трамп на изборите во САД, цената на златото се зголеми.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.