21 Јануари, 2025
0.0237

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

На 11 јуни ќе се одржи втората конференција „Чувари на мудроста“, на која е предвидено да говорат истакнати бизнисмени, правници, архитекти, професори, музичари илуѓе од други области. Конференцијата е во организација на Халкбанк АД Скопје, а целта на овој настан е да се обединат и да се искористат искуствата и знаењето на докажаните и успешни професионалци во различни области за да се пренесат практични совети и мудрости на младите луѓе.

Целата дискусија е конципирана да се одвива во парови кои се од иста професија или со слична кариерна определба. Паровите ќе вклучуваат по еден искусен и еден помлад од фелата. Тие меѓу себе ќе треба да разговараат за определни прашања ставајќи фокус на нивната професионалност и на она што придонело за нивниот успех. Ќе ги споделат личните ставови и она во што веруваат. Публиката ќе има можност да слушне корисни совети за кариерен развој, но и за животната философија на говорниците од различни генерации.

„Луѓето се најголемата сила и највредното нешто што го има во која било професија. Затоа сакаме да ги мотивираме, да ги поттикнеме и да ги промовираме младите луѓе обезбедувајќи им простор за нивен креативен, професионален и личен развој. Менторството и давањето ветар во грб е една од работите што се исклучително важни при градење на кариера, а мудар совет е понекогаш водечка мисла на многу млади луѓе кои се на почетокот на својата кариера, истакна Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Втората по ред конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK е важна поддршка и инспирација на младите професионалци и претприемачи. Оваа конференција не само што претставува поттик и храброст за младите и остварување на нивните планови, туку од неа ќе се пратат пораки за неопходноста од поголема самодоверба при чекорењето по професионалниот и по животниот пат.

Конференцијата ќе се осврне на неколку значајни теми: Што е клучно за успех од две различни перспективи; потоа особено важен предизвик со кој се соочуваат младите е како да изградиш кариера што преживува на долг рок; предизвикот на управување со времето, како и баланс на личниот и професионалниот живот.

Студентите ќе имаат можност да добијат дополнително стручни совети на големиот број работилници што ќе се реализираат во склоп на конференцијата.

Конференцијата е дел од поголемата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“, што започна во 2022 година, со намера да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации. Во рамките на кампањата се спроведоа повеќе активности, настани и работилници во чиј центар беа пензионерите и повозрасните лица. 

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ и за конференцијата „Чувари на мудроста“ се достапни на https://cuvarinamudrosta.mk/, а сите детали за настанот годинава може да ги најдете тука.

Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије