Втора недела протести за да не се прифати платформата пишувана во туѓа држава
Објавено во: Македонија 06 Март, 2017 18:43
Втора недела во Скопје и во други градови во Македонија се одржуваат протести организирани од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Се пеат патриотски песни и се вејат македонски знамиња.
Граѓаните велат дека протестираат за зачувување на унитарноста на Македонија. Тие бараат сите политички партии заедно со граѓаните да подготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат платформите кои се пишувани во туѓи држави. Бараат од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Велат дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не треба да допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија, а од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен.
Минатата недела имаше протести, а во саботата наместо протест имаше хепенинг „За заедничка Македонија звучи супер“ во Паркот Жена-борец во Скопје.
Вчера на повеќе објекти на државни институции беа поставени македонски знамиња.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




