Вучиќ: Веројатноста е голема дека ќе изгубам на следните избори!
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2014 11:24
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за CNN изјавил дека најверојатно ќе ги изгуби следните избори, како тоа што им се случувало на сите кои прават големи реформи.
- „Не го земав овој мандат за да ги чекам следните избори и да ги победам своите политички противници. Знам што ќе се случи на следните избори, најверојатно ќе ги изгубам како и многу други кои се обиделе со реформи“ – рекол Вучиќ во интервјуто за CNN.
Вучиќ рекол дека неговата работа не е „да продава глупости и лаги“, туку да спроведува реформи за доброто на народот.
Фактот е дека цел свет, Европска Унија, Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка, Европска банка за обнова и развој признаваат дека Србија спроведува многу реформи и при тоа зборуваат дека српскиот народ треба да биде горд на себе и на луѓето кои го водат – изјавил Вучиќ и додал дека е задоволен од она што постигнала Владата досега но и дека реформите мора да продолжат да се спроведуваат, особено во правосудството.
„Нема проблеми со политичката волја. Нема заштитени лица, заштитени тајкуни, заштитени политичари“, рекол Вучиќ и додал дека мора да се промени состојбата во правосудството каде некои процеси траат со години.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




