ВУЧИЌ: Курти само ќе драматизира и ќе се дере
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2024
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не очекува ништо од средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел. Вели дека Курти ќе се дере и ќе драматизира.
Тој ќе има три важни средби.„За реформите, што сѐ можеме да направиме, а имаме и уште еден проблем што треба да го решиме и ќе го решиме во следните 7 дена. Особено сум му благодарен на Шарл Мишел, денешниот ден беше различен и стратешки многу важен, а и многу сум среќен што можев да разговарам со него за сите важни прашања, како за Европската Унија (ЕУ), така и за нашиот пат кон ЕУ, но и за сите важни светски прашања. Многу важни и многу добри разговори. Нè очекуваат разговори со Борел и со Лајчак, а потоа и со Курти“, рече Вучиќ, на неговото обраќање кон српската нација, објави српски Б92.
Претседателот коментираше дека е задоволен од реизборот на Урсула фон дер Лајен за шеф на Европската комисија поради претходните односи и дека нема да го коментира потенцијалниот избор на Каја Калас.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.