Вучиќ: Сите Срби знаат оти Косово е изгубено
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2018
Сите Срби знаат оти Косово е изгубено, вели српскиот претседател Александар Вучиќ, за хрватскиот неделник Глобус.
Тој додава дека ќе направи сè што може за да го врати она што може да се врати.
„Сите Срби знаат дека го изгубиле Косово, но јас ќе направам сè што можам за да се врати тоа што може да се врати, за на крајот да не испадне како целосен пораз или целосна загуба“- вели Вучиќ во изјавата за Глобус.
Тој додава дека „сите го напаѓаат него, не бирајќи ни средства ни зборови, а всушност никој од тие што го напаѓаат не сака да се реши проблемот со Косово“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во почетокот на септември би требало да престојува на Косово, објави Блиц. Тоа било договорено вчера на состанок на претседателот на Србија и на претставници на Србите од југ, север и централниот дел од Косово.
фото глобус