ВУЧИЌ СВИКА СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ: За 48 часа Косово може да се дестабилизира?
Објавено во: Балкан 03 Август, 2018
За утре претпладне српскиот претседател, Александар Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, „поради состојбата на северно Косово“, јави РТС.
Според истиот извор, на седницата ќе се разговара за тоа „како да се заштитат српските интереси и народ во Косово, а ќе се разгледува и актуелната безбедносна ситуација.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, српските медиуми пишуваат дека поради информациите дека „во следните 48 часа може да се случи дестабилизација на безбедносната ситуација во северниот дел на Косово“, КФОР вчера во раните утрински часови префрлил дел од опремата и техника од својата база во селото Маѓунско во општина Вучитрн во северно Косово.
Утре истекнува крајниот рок за формирањето на Заедницата на српски општини.
Во Србија Советот за национална безбедност е тело на чии седници се разгледуваат прашања и се носат решенија од областа на одбраната, внатрешните работи и дејноста на службите за безбедност, состојбата на Косово, борбата против организираниот криминал, мигрантите и други бебзедносни теми.