ВУХАН: Koронавирусот повторно се појави
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Ноември, 2020
Во кинескиот град Вухан пак се појави коронавирусот.
Здравствената комисија на градот информираше дека открила коронавирус на остатоци од пакување на говедско месо од Бразил. Претходно е одобрено тестирање на смрзната храна ширум земјата.
Коронавирус имало на амбалажата на три пакувања, објави Ројтерс.
Бразилската влада за Ројтерс истакнала дека не добила никакво известување од кинеските власти за пронајдениот вирус.
Вухан беше градот од каде лани се прошири вирусот во Кина, а потоа и во целиот свет.
Во светот сега има 53.7 милиони заразени со коронавирусот.