ВУХАН СЕГА Е ГРАД НА ЖУРКИ: Ноќниот живот се врати во нормала
Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Декември, 2020
Се врати ноќниот живот во кинескиот град Вухан.
Ова се случува по седум месеци откако градските власти ги укинаа строгите рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирус. Една од првите што ги почувствува придобивките од ноќниот живот е Жан Кјонг, која го прослави својот 29. роденден со пријателите во вуханска пивница.
„По сè низ што поминав за време на првиот бран на пандемијата на коронавирус во Вухан, а потоа откако бев ослободена од рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам втор живот“, изјави Жанг.
Таа работи во продавница за текстил во Вухан, град за кој многумина веруваат беше првото жариште на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“. Додека таа и нејзините пријатели го славеа нејзиниот роденден, луѓето надвор се радуваа, имаше забави низ целиот град, со еден збор, Вухан се претвори во град на фестивали.
Меѓународен тим од десет научници, во јануари ќе отпатува во Вухан за да го испита потеклото на новиот коронавирус, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), јавува „ Би-Би-Си “.Додсега вирусот е дијагностициран кај 74.6 милиони луѓе во светот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.