Добивај вести на Viber
Првата следна спогодба меѓу Белград и Приштина ќе биде околу имотот и културното наследство на Србите во Косово, изјави денеска директорот на српската владина канцеларија за Косово, Александар Вулин, пренесе Танјуг. Според него, Белград не ја признава приватизацијата извршена во Косово, затоа што е „моноетничка“.
Вулин, кој учествува на средбата посветена на предложените мерки за заштита на српскиот имот во Косово, информира дека почнало собирањето податоци за тоа „колку имаме во Косово, што е однесено и кога е продадено“.
- Нема и не треба да се откажуваме од ниту еден динар, од ниту една фабрика - рече Вулин.
Тој посочи дека разговорите за имотот ќе се водат во Брисел и дека треба да се види колку инвестирала Србија во Косово до 1999 година, напоменувајќи дека Белград инвестирал стотици милиони долари во Косово и по овој период.