Вулин: Ќе продолжам Албанците јавно да ги нарекувам „ши...ри“
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2020
Вулин додаде дека меѓународната заедница не треба да пропушти да ги осуди злосторствата на ОВК и да побара правда за убиените српски деца, протерани Срби и изгорени манастири.
Харадинај Штубле изјавите на српскиот министер за одбрана ги оцени како неприфатливи и побара од меѓународната заедница да не молчи.
- Како што се нарекуваат себеси, така и јас ќе ги нарекувам, кога ќе го тргнат зборот „ши..ар“ од нивниот јазик, ќе ги нарекувам како што се нарекуваат себеси. И до тогаш ќе ги почитувам нивните обичаи и јазик и со почит ќе им се обраќам на „шип...ите“, како што самите се нарекуваат „ши...ри “, рече министерот за одбрана.