22 Ноември, 2024
0.0279

WIZZ AIR УКИНУВА ЛЕТОВИ ОД СРБИЈА, ЦРНА ГОРА И БОСНА - погледнете во кои европски градови нема да летаат оваа зима

Објавено во: Финансии 09 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

„Нискобуџетната“ авиокомпанија WizzAir планира да укине или привремено да прекине неколку линии од три пазари на поранешна Југославија. Според компанијата, летот од Ниш до Малме ќе биде откажан во Србија, во БиХ ќе се откажат летови од Бања Лука до Стокхолм и Хамбург, додека во Црна Гора ќе се откажат летови од Подгорица за Рим и Виена.

Според компанијата, сите линии ќе бидат откажани до крајот на оваа летна сезона, поточно до 28 октомври, но како што забележуваат од Wizz Air, овие линии ќе бидат повторно активни од следното лето.

Wizz Air ќе ги прекине летовите меѓу Ниш и Малме во текот на зимските месеци, а последниот лет во годината треба да се одржи на 27 октомври.

Рутата беше задржана во текот на претходната зимска сезона, меѓутоа, превозникот ги суспендираше летовите меѓу двата града во минатото, како што беше случајот во 2019 година. Малме беше првата дестинација на Wizz Air од Ниш.

„Визер“ нема да лета за Малме во претстојната зимска сезона поради оперативни причини, но се очекува да продолжи да ја одржува услугата сезонски, соопшти операторот на Аеродром Србија. Како што беше претходно најавено, Wizz Air ќе ги зголеми операциите од Скопје и Белград во претстојната зимска сезона.

Кога станува збор за БиХ, Wizz Air ќе ги откаже летовите од Бања Лука до Стокхолм, а последната линија е планирана за 28 август. Покрај тоа, летовите од Бања Лука до Хамбург ќе бидат откажани на крајот на летната сезона на 28 октомври.

Од друга страна, Wizz Air ќе ги одржува операциите од Бања Лука до Базел и Дортмунд оваа зима.

Нискобуџетниот превозник планира и оваа зима да прекине две линии од Подгорица. На крајот на октомври ќе бидат прекинати летовите од главниот град на Црна Гора до Рим Фиумичино и Виена. Сепак, Wizz рече дека двете линии ќе бидат обновени за време на летната сезона во 2024 година, која започнува на 31 март следната година.

(Извор: exyuaviation, Seebiz)

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?