19 Декември, 2025
0.1711

Young Engineers: Децата во Македонија совладуват нов начин на размислување преку единствената лиценцирана STEM едукација

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2019 12:31

Добивај вести на Viber

Кога ќе се спомене зборот “инжинерство” се добива идеја за натпросечни способности кај човекот за математички и логички операции, но идејата на  сертифицираните програми на Young Engineers Скопје е дека токму овие способности можат да се разбудат и да се негуваат кај сите луѓе особено ако тоа се започне на рана возраст. Доказ за тоа се 250 деца кои веќе поминаа низ лиценцираната програма на Young Engineers кои покажуваат подобрени резултати и во формалното образование по техничките, научните и логичките школски предмети. Постојат деца од овие програми кои освоиле награди на ниво на Град Скопје по роботика, преминале две одделенија во една година, и дете кое на националниот натпревар за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика на Young Engineers,е испратено во Леголенд, Германија.


Она што е вредно да се напомене е дека има и програми кои се инклузивни и дека покрај програмите за децата во редовната школска година и летните кампови, овие програми имаат поростор и за работа и стимулирање на деца со посебни потреби, преку работа со ЛЕГО коцки под менторство на сертифицирани тренери.



“Конвенционалниот начин на учење не стимулира љубопитност и интерес кај децата а љубопитноста ја има клучната улога во стимулирање на желбата за учење. Овој начин на иновативно учење кое доаѓа од Израел, успешно се пренесува и имплементира во повеќе од 43 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија единствено преку Young Engineers Skopje Macedonia. Како официјален застапник во Македонија, сакаме да бидеме платформа за создавање личности кои ќе бидат подготвени за новото време, во кое се бараат лидерски способности, тимска работа, решавање на проблеми и инжинерски пристапи во размислувањата. Покрај овие иницијативи, Young Engineers Скопје има и редовни програми во текот на школската година, а за сите заинтересирани почнуваме и летни кампови од 17 јуни кои ќе се одржат во Јавна соба” - изјави Сашка Теодосиевски, основач на единствената интернационална лиценца за STEM едукација во Македонија- Young Engineers Скопје.


Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година