За бегството на Груевски со реакција се јави Хан
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 18:50
Кредибилитетот на Европа е во прашање, смета еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Тој реагира по бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, и на оваа тема се огласи на Твитер.
„Силно владеење на правото е еден од темелните критериуми за влез во ЕУ. После години назадување, Македонија прави добар напредок во оваа област, вклучително и кривичното право. Сите земји членки на ЕУ и соседи треба да го поддржат овој процес. Се работи за кредибилитетот на Европа“, напиша Хан.

Вели дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




