17 Декември, 2025
0.1028

За да го достигнеме стандардот на Италија потребни се околу триесет и девет години

Објавено во: Економија 19 Август, 2013 10:20

Добивај вести на Viber

Меѓународната споредба на реалниот расположлив доход по глава на жител покажува дека Македонија има најнизок стандард во ЕУ. Расположливиот доход по глава на жител во Македонија во 1997 година изнесувал 1.114 евра, додека во 2006 година достигнал 1.632 евра, односно за период од десет години се зголемил за 47 отсто.

„Овој пораст во себе го инкорпорира и ценовното зголемување во овој период, па затоа за пореален приказ расположливиот доход по глава на жител е дефлациониран и изразен во цени од 1997 година. На ваков начин со изолирање на ценовниот раст се добива реален пораст на доходот од 24 отсто за десет години“, се вели во истражувањето на Народна банка, пишува порталот „Локолно.мк“.

И покрај забележаниот раст, домашниот доход на домаќинствата е далеку под нивото на земјите од ЕУ. Највисок животен стандард помеѓу анализираните држави во ова истражување има Швајцарија, понатаму следат Франција, Белгија, Италија и Финска, додека нивото на расположлив доход по глава на жител во Грција и Португалија е значително пониско од наведените европски земји.

Новите земји членки на ЕУ, Чешка и Словачка во текот на овој десетгодишен период бележат порапиден раст на доходот, кој се уште е далеку под нивото на традиционалните членки на ЕУ. Во 2007 година, расположливиот доход по глава на жител во Македонија изнесувал 1.752 евра или реално 1.453 евра.

Според истражувањето на Народната банка, доколку реалниот раст во наредниот период е 10 отсто на годишна основа и доколку стандардот на државите остане како оној во 2007 година, тогаш за да се достигне стандардот на Словачка потребни се околу осум години, за Чешка потребни се дванаесет години, a за да се достигне оној на Италија и Финска потребни околу дваесет и четири години.

Сепак, ако се земе дека просечниот годишен реален раст на реалниот доход по жител во Македонија изнесува 6 проценти, тогаш за да се достигне стандардот на Словачка од 2007 година потребни се околу тринаесет години, за Чешка потребни се дваесет години, а за да се достигне оној на Италија и Финска потребни околу триесет и девет години.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?