15 Јануари, 2025
0.0263

За еден месец стартува со работа фабриката на „Кромберг и Шуберт“

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Со реализацијата на странските инвестиции во слободните економски зони се очекува во земјава да влезе капитал вреден околу 200 милиони евра, кој треба да обезбеди работа за над 9.000 лица. Германската компанија Кромберт и Шуберт е при крај со регрутацијата на кадар за работа. Во моментот близу 200 луѓе работат во фабриката за производство на кабли за инсталации во автомобилската индустрија, а кон крајот на март се очекува нивниот број да достигне 500 вработени.
„Динамиката за изградба на капацитетот е добра, останува уште финалното уредување на канцеларискиот простор и за еден месец се очекува да се стави во употреба и постепено да почне со производството“, вели министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак.
До каде се останатите инвестиции Според министерот, германската компанија Дракслмајер и белгиската Ван Хоол, двете странски компании кои лани решија да инвестираат во земјава, веќе се на пола со изградба на производствените погони во Кавадарци и во Скопје. Во Кавадарци, во привремената хала работат 500 вработени  чие производство било оценето со врвни оценки од тимот на Мерцедес, кој пред новогодишните празници бил во посета на Дрекслмајер. Во Бунарџик 2, Ван Хоол, компанијата која најави 17 милиони евра инвестиција, е на средина со изградба на погонот за производство на автобуси и во фаза на регрутирање кадар за работа. Во индустриската зона во Штип, Џонсон Контролс го подготвува теренот за изградба на втората фабрика во Македонија.. Во Скопје во Бунарџик,  американската Кемет има производство со над 100 вработени, а британската Џонсон Мети е при крај со втората фаза. Нови вработувања, зголемен извоз. Што ќе донесат странските инвеститори годинава? Според пресметките, со реализацијата на инвестициите во слободните зони, во Во услови на криза и намалена побарувачка, очекувањата се дека новите фабрики ќе значат и зголемување на извозот. Со оглед на тоа што фабриките кои се градат во зоните и ќе произведуваат производи наменети за странските пазари, бенефитот кој допрва ќе го почувствува во трговскиот биланс ќе биде голем, велат од Владата. Годинава се очекува прилив меѓу 400 и 500 милиони евра, а директно ќе се вработат над 9.000 лица. Податоците за странските инвестиции пак, покажуваат дека во првите 11 месеци од лани, во земјава влегле вкупно 45,7 милиони евра странски капитал.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања