Добивај вести на Viber
Со само три аукции на државни хартии од вредност, Владата од почетокот на годинава се задолжи со 32 милиони евра повеќе од првично најавеното. На вчерашната аукција, министерството за финансии побара 8,8 милиони евра, а од домашните кредитори зеде 19 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од планираното. Денеска за раздолжување доспеваат само 8,8 милиони евра, а за што се ќе се користат останатите 10 милиони евра, не е познато. Вчерашниот долг ќе се враќа 15 години, една година и за шест месеци. И на претходните аукции на хартии од вредност (ДХВ), Владата позјами од домашните банки повеќе од планираното.Економистите веќе укажаа дека во овој предизборен период е важно домашните задолжувања да бидат во износ на раздолжувањата.
-Со цел да се зачува фискалната дисциплина и да се релативизираат перцепциите дека некои јавни трошења се во функција на легална предизборна корупција, сметам дека е клучно кај домашните задолжувања износот на позајмувањето да биде ист со износот што доспева за отплата во истиот период, додека странските задолжувања да бидат строго наменски, односно за конкретни проекти. По изборите, ќе видиме како ќе се менаџира со јавните финансии. Јасно е дека планираниот буџетски дефицит треба во дел да се финансира и со домашно задолжување и заради тоа, домашното задолжување ќе мора да расте, меѓутоа принципиелно во моменталниот контекст би било ако такво зголемување до изборите се избегне. Тоа ќе оневозможи да имаме дежаву на скоро целосно трошење на буџетскиот дефицит пред изборите, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.
Деновиве дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов, во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека со првите две аукции годинава се потрошени 10 проценти од планираниот буџетски дефицит, а според неговите проценки со вакво темпо на задолжување ќе се потроши целиот буџетски дефицит за 2016 година.
-Ако ги видите бројките во сите изборни години во првите три до четири месеци се истураат парите во трансфери, плаќања кон компании и слично што покажува класична изборна корупција и во првите месеци се испумпува некаде од 60 до 70 проценти од целиот дефицит. Тоа покажува дека ваквото задолжување има за единствена цел, а тоа е како да влијаат врз изборите, изјави Наумов.
Следната аукција на ДХВ е закажана за на 2 –ри февруари. До крајот на првото полугодие се закажани уште 21 аукција. Вкупно со првите три аукции, овој месец државата кај домашните кредитори се задолжи со 62 милиони евра. Според објавените проспекти, во последните две аукции беа зголемени каматите на државните хартии од вредност.
Дел од економистите укажуваат дека загрижува фактот што дражвата во последно време се задолжува на подолг рок, а долгот ќе го плаќаат идните генерации. Дополнително за експертската јавност е нејасно зошто овие задолжувања се поголеми од планираните, со оглед на тоа дека кон крајот на ласнката Владата преку еврообврзницата обезбеди 270 милиони евра , пари со кои треба да се финансира првата половина од годинава.Во новата владина фискална стратегија се посочува дека континуитетот на издавање на државни хартии од вредност ќе продолжи и во следниот период, но и дека и нивната рочност ќе биде поголема.
Податоците од министерството за финансии покажуваат дека од 2007 година до сега, вкупниот Јавен долг е зголемен за 2,3 милијарди евра. Според последните податоци вкупниот јавне долг изнесува 3,9 милијарди евра или 43,9% од бруто-домашниот производ.Како најголеми кредитори на државата освен комерцијалните банки се јавуваат пензиските друштва и осигурителните компании. Од друга страна пак, странските кредитори се внимателни при одобрувањето на кредитите за Македонија. Светска банка соопшти дека планираниот кредит во износ од 25 милиони евра, наменет за подобрување на општинските услуги, ќе го одобри после изборите, а германската “КFW” банка, соопшти дека парите од кредитот во износ од 39 милиони евра наменети за топлификација на Битола, ќе бидат префрлени директно кај изведувачот на проектот но откако истиот ќе биде реализиран.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: