За Германија состојбата во Македонија е вознемирувачка
Објавено во: Македонија, Свет 03 Март, 2017 13:47
Германскиот шеф на дипломатијата, Зигмар Габриел за време на посетата на Украина денеска ги коментираше состојбите во Македонија, и рече дека политичката ситуација во земјава е вознемирувачка.
„Внатрешната политичка стагнација се заканува да ја врати земјата назад по патот кон Европската Унија“- се вели во изјавата на Габриел што ја објави германското МНР, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Додава дека Германија стои зад јасните пораки испратени вчера во Скопје од Високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини, до политичките фактори и претставниците на македонското граѓанско општество.
Вели дека Германија силно го поддржува приближувањето на земјата во ЕУ и жали за фактот што нерешеното прашање за името со години го загрозува прогресот на Македонија кон ЕУ. Ваквиот развој на настаните, според германскиот министер, придонесол за влошување на ситуацијата и затоа мора да има брзи чекори за решавање на ова прашање.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




