16 Јануари, 2025
0.1325

За година и пол – електронски патарини

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

За 18 месеци треба да биде имплементиран новиот модернизиран електронски систем за наплата на патарините во Македонија - стои во договорот што денеска го потпиша Јавното претпријатие за државни патишта и турската компанија „Аселсан“, која ќе го изведува проектот. Инвестицијата ќе чини 18,7 милиони евра и предвидува во иднина значително да се намали застојот на патарините по Коридорот 10. Имено, со новиот систем се предвидува комплетно електронска наплата преку бесконтактни смарт-картички и микробранови транспондери со кои возачите ќе можат да поминуваат со намалување на брзината на движење без застанување. Освен ова, предвидено е преместување, проширување и модернизација на наплатните рампи Петровец, Сопот, Отовица, Романоввце и Градско, како и изградба на две нови наплатни рампи кај Демир Капија и Гевгелија. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, електронскиот систем за наплата нема да ги остави без работа вработените на наплатните рампи. „Ниту еден вработен во Јавното претпријатие нема да остане без работа. Вработените воопшто нема да бидат вклучени во наплатата на патарините затоа што самиот систем не се базира на кеш. Смарт картичките ќе се полнат на наплатни пунктови во близина на патарините и сигурно дека ќе има вклучени лица во сервис“, појаснува Јанакиески. Цената на патарините нема да зависи од новиот систем. „Потпишувањето на договорот е  уште еден исчекор на Владата во насока на вложување во транспортната инфраструктура  и тоа токму на најзначајната транспортна артерија низ Македонија – Коридорот 10 низ кој минува 70 проценти од вкупната трговија на стоки  низ државава“, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според  претставниците на „Аселсан“, системот кој треба да го спроведат е веќе применето решение во пракса за автоматска  наплата на патарини и се користи повеќе од 15 години во услови на  густ сообраќај во Турција, а во Македонија ќе биде воведено ново, уште помодернизирано решение.

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата