06 Октомври, 2024
0.0277

ЗА ГРАЃАНИТЕ ЌАР, ЗА ВЛАСТА ПОЕНИ: математиката и популизмот одат рака под рака!

Објавено во: Економија 30 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Укинувањето на законот со кој хонорарците беа обврзани да плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување  во висина од 37% од нето приходот што го добиваат е предизборен трик на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сметаат граѓанските здруженија. Потегот е добар, но сепак граѓанските здруженија и активистите кои се бореа против овој закон со серија протести, сметаат дека ова е обид  на актуелната владејачка гарнитура во пресрет на најавените избори за април 2016 година да добие што е можно повеќе гласови, од сите кои беа засегнати со овој закон. Дека овој потег на власта е од чисто предизборен мотив, велат укажува и самиот факт дека граѓанските здруженија и голем број на активисти, речиси цела година, реагираа и алармираа против донесувањето на законот за плаќање на дополнителните давачки за хонорарите,  се организираа и серија протести, а битката не престана ниту откако законот беше донесен. Сепак, тогаш Владата ги игнорираше барањата на хонорарците, а сега само неколку недели откако се најавија изборите Владата реши да го укине законот кој цврсто го бранеше речиси цели седум месци, колку што е на сила. „Измените кои предвидуваа плаќање на придонеси за хонорарците беа донесени на нетранспарентен начин без никаква јавна дебата и затоа побудија доста жестоки реакции во јавноста. Дополнителните чести измени создаваа и уште поголема несигурност, па затоа нивното комплетно повлекување е она за кое се боревме долго време, иако мора да забележиме дека повлекувањето доаѓа во очи на изборите во 2016 година и нестабилна политичка клима, како популистички трик за придобивање на гласови, вели Дејан Лутовски од Ленка. Сепак, според министерот за финансии Зоран Ставрески, ова измена не се правела поради претсојните избори туку затоа што со овој закон приходите во буџетот ќе биле сао 4 милионни евра годишно, па затоа се решило овие приходи да се приберат со други дополнителни мерки на владата наместо со овој закон кој задира поголема категорија на граѓани. „Ако не го сменевме, ќе беше зошто не го сменивте. Ако го смениме, сега, зошто го сменивте? Верувам дека за најголем број лица носиме соодветно решение. Не е точно дека целта беше да се соберат повеќе пари во Буџетот или во фондовите, затоа што станува збор за вкупни приходи на годишно ниво од 220 до 250 милиони денари. Ние не сметаме дека единствено Владата има стручни и други знаења за да процени ситуациите и дека ако има нови околности нема да се промени ниеден закон или одредено решени. Отворено сме и во овој случај покажуваме дека сме отворени и имаме слух за јавноста, кога една ситуација создава незадоволство кај поголем број лица иако аргументите беа во функција да им се помогне на истите лица“,изјави на прес конефернцијата министерот за финансии Зоран Ставрески. Сепак дел од економистите не се согласуваат дека новиот закон не бил издашен за буџетот. Еве што неодамна во анализата поткрепена со податоци и графикони напишаа од Financethink:

[button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/06/10/noviot-zakon-za-honorari-go-polni-budhetot/" ]Новиот закон за хонорари го полни буџетот[/button]

Дека станува збор за предизборен маркетинг реагираа и од Либералната партија. Оттаму велат дека Владата до скоро беше „глува“ на барањата и протестите и предлозите и на хонорарците, и на ЛП, и на јавноста воопшто, а сега, по само шест месеци од примената на законот, за истиот закон, истата Влада бара од Собранието да се укине законот со бледо и неаргументирано објаснување, велат од Либералната партија. „За да се постигнат зголемени позитивни ефекти за сите, сметаме дека во иднина оваа материја треба да се опфати и регулира со подетална анализа и во соработка со деловната заедница и хонорарните работници, посочуваат од ЛП. Инаку, Владата на седница пред два дена донела одлука од први август да се врати старото законско решение, според кое за хонорарите ќе се плаќа единствено пероснален данок, и само еден ден по владината седница на која ја донела оваа одлука, Законот се најде пред пратениците по скратена постапка. Првиот протест против законот беше на 22 декемри лани, и беше под мотото “Не за државен рекет“. Илијадници граѓани изглегоа на протести пред Валадата. Но таа остана глува и законот стапи на сила. Но, откако стапи на сила на тере се покажаа серија слабости, не се знеше кој како и што треба да пажа, и пресметува, граѓаните и шалтерските работници во институциите беа збунети. Многу граѓани останаа без здравствео осигурување. Потоа следуваше нов протест на средината на февруари годинава . А по демострациите во април, кои имаа парола„ Нема да Ви платиме“, до Уставниот суд беше однесена претставка против овој закон. Иако изминаа три месеци Уставниот суд не се изјасни за посоченото законско решение.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?