27 Декември, 2024
0.0295

ЗА ХОНОРАРИТЕ ОД СЈО: Примислав Димовски подготвен да го врати секој денар кој не го заработил

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Примислав Димовски, командантот на полициската единица алфи, кој се најде на списокот на лица ангажирани од СЈО, на кои им се исплатени хонорари кажа дека е подготвен да го врати, секој денар кој не го заработил. 

Вели дека никогаш не останал глув на повикот на јавноста, па нема ни овојпат. 

„Како истражител во СЈО бев ангажиран во време во кое сосема неизвесно беше кој ќе ја предводи власта во наредниот период. Од клучно значење беше ангажманот на припадниците на МВР во СЈО, иако само малкумина, и покрај заканите и притисоците, се приклучија во борбата за правдата и вистината. Од клучно значење беше и моето повеќегодишно работно искуство во специјалните единици на МВР, за предмети за кои вистината гласно ја бараше целата македонска јавност. Часови и часови напорно работев со обвинителите, работев на материјалите од разговорите, но и на терен... Жедно ја посакував правдата и вистината и јас, и можам слободно да кажам дека ангажманот како истражител во СЈО беше еден од моите најголеми предизвици и искуство во професионалната кариера. За мојата работа никогаш не зборував, апсолутно почитувајќи го начелото на доверливост на кое се обврзав, но ангажманот можеше да се претпостави поради моето често физичко присуство во СЈО сите овие години. Иако медиумите прикажаа табела со исплатени средства на која сум високо на врвот, за волја на вистината, од целиот тим на истражители износот кој мене ми беше исплаќан е најнизок во споредба со другите“, напиша Примислав Димовски на својот Фејсбук профил.

Повикува  доколку некој може да ја утврди вредноста на неговиот вложен труд и работа на предметите, и времето поминато на ангажманот како истражител, и при тоа утврди дека тоа не е соодветно со средствата кои ги добивал за таа намена, тој е подготвен да го врати секој денар. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор