05 Декември, 2025
0.4085

За институциите чудно, за економистите очекувано: се рони кредитниот рејтинг на Македонија

Објавено во: Финансии 24 Мај, 2013 21:43

Добивај вести на Viber

 „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија, Владата пак ги обвини дека се мешале во внатрешните работи на државата. Дали постојаните задолжувања последните години, полека но сигурно ја прелеваат чашата?  Од ББ на ББ- падна кредитниот рејтинг на Македонија од Агенцијата за кредитен рејтинг  „Стандард и Пурс“ за долгорочно задолжување во домашна и странска валута.  Како причини за намалувањето од Агенцијата ги посочуваат зголемената јавна потрошувачка за непродуктивни работи,  тешкотиите во управувањето со владините финансии, потоа економските притисоци , но и стеснетиот простор за странците кои се сопственици во македонските банки. „Според наше мислење, политичките институции на Македонија имаат неадекватни контролни механизми, додека заостанатите плаќања на Владата претставуваат предизвик за резултатите од фискалната политика“ смета Агенцијата. Македонските институции се зачудени? Министерството за финансии преку соопштение го прогласи извештајот на Стандард и Пурс за неконзистентен и нелогичен и обвини за грубо мешање во внатрешните работи на земјата. Оттаму ги повторија своите ставови дека Македонија е единствена од земјите од Југоисточна Европа која го реши проблемот со исплата на обврските кон стопанството, таа е четврта најниско задолжена земја во Европа, македонските институции се исклучително транспарентни... „Намалувањето на кредитниот рејтинг се поврзува со намалената проекција за економски раст и заостанати обврски на буџетот и можност за нивно акумулирање до крајот на годината. Ова е многу чудно и неконзистентно објаснување, ако се има предвид дека во 2012 година S&P го задржа рејтингот на Македонија на исто ниво во услови на негативна стапка на БДПи нерешени обврски кон стопанството. А сега во 2013 година кога растот на економијата е позитивен и има први знаци на заздравување, а заостанатите обврски се целосно измирени и долгот е сведен на нула – S&P го намалува рејтингот на земјата“, пишува во соопштението на Министерството од каде реагираат дека Агенцијата со својот извештај неоправдано ја става Македонија во ист кош со земји кои имаат над 60% државен долг. „Агенцијата со својот извештај си дозволува и да се меша во внатрешната политика на земјата зборувајќи за случувањата во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година и сосема несоодветно зазема страна споменувајќи дека „членови на опозицијата биле отстранети од Собранието за да се избегне дискусија за зголемените расходи на владата“. На тој начин се прејудицираат случувањата од 24 декември кои се предмет на испитување на Анкетната комисија, а агенцијата грубо се меша во внатрешната политика на земјата“, посочуваат од Финансии. Никола Поповски: Падот на рејтингот беше очекуван Во изјава за Телма, поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека извештајот на агенцијата „Стандард и пурс“ не треба да биде изненадување , а домашните експерти одамна предупредуваат дека јавниот долг е на едно тешко одржливо ниво. Тој нагласува дека острата реакција на Министерството за финансии е неправдана бидејќи станува збор за Агенција со висок кредибилитет во светот. Тоа што Министерството вели дека за разлика од други земји кај кои јавниот долг е 60 отсто, а во Македонија 33 проценти, не е доказ за финансиска стабилност, бидејќи има земји кај кои тој процент е и 100 и 200 отсто, но економијата има моќ да го сервисира, заклучува Поповски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката