За кратко прекинато гласањето во Теарце, УВ ламбата не работела
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
За кратко беше прекинато гласањето утрово во Теарце поради неисправна УВ ламба.
На неполни 10 минути пред 9 часот прекинато е гласањето, бидејќи не работела УВ ламбата за проверка на палецот на гласачот. По кратко време ламбата проработела и избирачкиот процес продолжи.
Глaсањето во изборното место 2011 во тетовско Теарце започна во 7 часот. За 2 часа гласале 25 лица, од вкупно 714 запишани гласачи.
Во Теарце вчера гласале две болни лица.
Гласањето го следат набљудувачи на МОСТ, Цивил и други.