ЗА ЛЕТОВО ВО ГРЦИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ИСКЕШИРАТЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ: Рипа цената и на спиењето и на храната
Објавено во: Финансии, Балкан 16 Февруари, 2024 11:28
Годишната инфлација во Грција, во јануари годинава била 3,1%, наспроти 3,5% во декември 2023 година, а цените на прехранбените производи, за една година се за 8,3% поскапи, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци од грчката служба за статистика, од јануари 2023 до јануари 2024 година, најголемо зголемување, од 67,4% бележи маслото, а најголемо намалување има на цената на природниот гас за 60,2%.
Кај прехранбените производи, освен кај маслото, големо зголемување има кај цените на овошјето и зеленчукот, за 14%, месото во споредба со лани е за 6% поскапо, лебот и житните производи за 2% итн.
Споредбено со еден месец претходно, во јануари поевтини биле природниот гас, млекото, сирењето, тестенините, пилешкото месо, нафтата за греење и бензинот, а поскапи биле маслиновото масло, сувомеснатите производи, зеленчукот и струјата.
Во 2023 година, инфлацијата во Грција се движеше меѓу 1,6 и 7 %, најниска беше во септември, а највисока во јануари.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




