19 Декември, 2025
0.0597

ЗА НОВА ГОДИНА ГИ ДИГНАЛЕ ЦЕНИТЕ ЗА ПЕТ ПАТИ! Српските планини се пресолени за љубителите на снегот

Објавено во: Финансии, Балкан 22 Декември, 2023 06:10

Добивај вести на Viber

Цените за сместување на Златибор, како и на другите српски популарни планини,  традиционално се зголемуваат од сезона во сезона, особено ако се земе предвид се помасовната градба и атрактивната понуда. Изникнуваат нови хотелски комплекси, како и нови станови, додека дел од нацијата реши да купи/изгради сопствен недвижен имот дури и во периодот на пандемијата.

Факт е дека се поголем број Македонци сакаат зимскиот период да го поминат на некоја од планините во Србија, но веќе место нема ниту за лек.

Цените и понудите скокаат не само во овој дел на западна Србија, туку и во Копаоник, Стара планина, Дивчибари и други планински дестинации, особено во „пикот“ на сезоната: Божиќ и Нова Година, односно Велигденските празници и 1 мај. .

Неодамна нè контактираше читателката Тања (60) од Белград, која вели дека збеснала кога видела до каде отишла „дрскоста“ на сопственик на стан на Златибор.

- Разбирам дека ги покачуваат цените за сместување, сите би, но очекував дека ноќевање ќе чини двојно повеќе во периодот од 29 декември 30 до првите денови на јануари... Сепак, цената е пет пати повисока! Кога ги внесов посакуваните термини, во средината на месецот сеуште може да се најде сместување/четири ноќевања за 100 или 120 евра, но се после тоа е околу 50.000, 60.000 динари, односно 500 евра. Нечуено! -  вели Тања за српски Телеград.

Кога баравме сместување на Booking, за двајца возрасни во периодот од 29 декември 2023 до 02 јануари 2024 година, цените одат и до 147.000 динари за четири ноќевања во дадениот период. Воедно, ова е намалена цена од редовните 180.000 српски динари.

Телеграф.рс

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми