15 Јануари, 2025
0.0277

За отворање бизнис во селата 50% помош од државата

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои ќе се одлучат да отворат бизнис во руралните средини ќе добиваат финансиска поддршка од Владата во висина од 50 проценти од трошоците за започнување бизнис.

Поддршката се однесува на отворање каков било бизнис почнувајќи од најмалите, како автомеханичари, автоперални, фризерници и занаетчии се до преработувачки капацитети и погони за производство на малите и средните претпријатија.

За оваа цел Владата ќе одвои околу четири милиони евра, а проценките се дека на овој начин ќе може да се отворат над илјада мали бизниси и да се реализираат најмалку илјада вработувања.

- Досега оваа мерка за 50 проценти поддршка важеше само за набавка на земјоделска механизација. Од оваа година Владата одлучи да ја прошири оваа мерка и со неа да ги опфати и услужните дејности и сектори. Значи, сега нема да има лимит на поддршката во однос на нејзиниот опфат и поврзаност со земјоделството, туку полето за отворање бизнис е нелимитирачко и може да ја опфати која било стопанска дејност со исклучок на медицината и фармацијата, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Според него, на овој начин Владата дава сериозна поддршка за развојот на македонските села и на овозможувањето услови за економска егзистенција на луѓето кои живеат во нив.

За оваа финансиска поддршка ќе може да конкурираат сите физички лица, трговци, поединци и мали и средни претпријатија во македонските села и градовите со население под 30.000 жители.

Во текот на март или април ќе биде објавен јавниот повик за аплицирање на овие средства на кои секој заинтересиран ќе може да достави бизнис-план до Агенцијата за рурален развој и поддршка на земјоделството. По разгледување на бизнис-планот и негово прифаќање ќе биде склучен договор меѓу корисникот и Агенцијата и согласно договорот на лицето ќе му бидат исплатени парите во висина од 50 проценти од вредноста на бизнисот.

Ѓорѓиев ги повика сите заинтересирани да ги искористат поволностите што ги нуди оваа владина мерка.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања