ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ РАЈ, ВО БУЏЕТОТ ПЕКОЛ: Пензиите растат, расте и дупката во ПИОМ!
Објавено во: Финансии 16 Ноември, 2016 07:24
Пензиите растат, а растат и стравувањата за пензискиот систем. Во декември ќе стартуваат новите пензии повисоки за 5 отсто.
„И во наредниот временски период и во следната владина програма предвидуваме определени мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животниот стандрад на пензионерите и да им се обезбедат низа поволности со што ќе овозможиме подолг животен век на оваа популација“- рече Миноски,
Светска банка во својот извештај алармираше дека Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување е во опасност, неговата зависност од државниот Буџет постојано расте, што ја доведува во прашање одржливоста на државниот фонд на среден рок. Како причина за притисокот врз Фондот за ПИОМ, претставниците на Светска банка ги посочија новите вработувања потпомогнати со владините мерки, кои предизвикале намалување на приходите во фондовска каса, поради што дефицитот се покрива со пари од централниот Буџет.
И економистите веќе одамна алармираа дека состојбата на државниот пензиски фонд се влошува, но сметаат дека причината не треба да се бара во владиниот проект „Македонија вработува“.
„Познато е дека пензискиот фонд е во ситуација која постојано се влошува. Не би рекол дека тоа е поради проектот „Македонија вработува“, од проста причина што тие луѓе кои се вработиле со тој проект, претходно не плаќале придонеси, па не плаќаат ниту сега. Значи, дефицитот не може да се проширува по тој основ, туку тој притисок врз фондот ќе се јави подоцна, кога тие луѓе ќе треба да се пензионираат и да побаруваат од фондот.
Дефицитот се проширува под влијание на постојаното зголемување на пензиите над капацитетот на економијата (тие секоја година се зголемуваат повеќе од зголемувањето на економијата вкупно), како и под влијание на тоа што бројот на пензионери расте непропорционално со работниците за кои се уплаќаат придонеси. Тој извор на ризик треба да се елиминира најскоро можно. Сепак, треба да потсетиме дека дел од сегашниот пензиски дефицит беше креиран во моментот кога преминавме од едностолбен на тростолбен систем и тоа беше политичка одлука дека ќе се преземе тој дефицит. Тој ќе се елиминира само со тек на време, кога во економијата нема да има пензионери кои се финансираат само од државниот столб“, велат дел од експертите.
Пензиите постојано се зголемуваа минатите години со што дупката во фондот за ПИОМ годинава достугна рекордни 400 милиони евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





