За пет години Јавниот долг е дуплиран, дали неминовно ќе се зголемат даноците во Македонија?!
Објавено во: Финансии 25 Декември, 2013
Последно задолжување на Владата за годинава. Од домашните кредитори, преку продажба на државни хартии од вредност власта обезбеди 17 милиони евра, пари кои легнаа на трезорската сметка за финансирање на тековните буџетски трошења на истекот од оваа 2013 та. Според податоците на Министерството за финансии ова задолжување би било последно во оваа календарска година. Заклучно со октомври Јавниот долг на Централната влада се искачи на 34,5% од БДП, што претставува највисоко ниво од 2005 та година па досега. Во исто време незапирлив тренд на раст и кај Бруто надворешниот долг кој достигна скоро 5 милијади и 600 милиони евра. Последните расположливи податоци на Народната Банка покажуваат дека заклучно со првата половина од годинава, раст на долговите кон странство е регистриран кај државата, монетарната власт и банкарскиот сектор.
Како растеше долгот ?
Само за пет години, или од почетокот на 2009 та година до сега, Јавниот долг на Централната влада е дуплиран. Најниското ниво на јавен долг е измерено во 2008 ма година, кога тој изнесуваше 1 милијарда и 390 милиони евра или 20,6% од Бруто Домашниот Производ. Тоа беше година кога владата реши да се раздолжи главно кон странските кредитори, предвреме враќајќи ги кредитите. По оваа операција на раздолжување, веќе во 2009 та година државата влегува во нови задолжувања. Еве како се движеше темпото на задолжување и раздолжување:
2006 та 32,0%
2007 ма 24,0%2008 ма 20,6%
2009 та 23,8% 2010 та 24,2% 2011 та 28,0% 2012 та 34,1%2013 та( октомври) 34,5%
Од 2006 та година до сега пораст има и на внатрешните и на долговите кон странство. Така, долгот кон домашните кредитори во 2006 та година изнесувал 650 милиони евра, во сегашното салдо тој е речиси двојно поголем или 1 милијарда и 137 милиони евра. Во истиот споредбен период надворешниот долг од 1 милијарда и 200 милиони евра е зголемен на 1 милијарда и 600 милиони евра.
Анализата на структурата на Бруто Надворешниот долг покажува дека државата кон странство, заклучно со јуни должи 1 милијарда и 700 милиони евра, следува банакрскиот сектор со долг од 666 милиони евра па монетарната власт со долг од 427 милиони евра. Еве за колку пораснале долговите кон странство за половина година, односно во однос на салдото од крајот на 2012 та година : Држава - 90 милиони евра Монетарна Власт - 193 милиони евра Банкарски сектор - 47 милиони евра Останати сектори - 21 милион евра И со сегашните параметри, Македонија останува во зоната на умерена задолженост, но Светска Банка и ММФ веќе упатија препорака да забави темпото на задолжување. Од Меѓународниот монетарен фонд потсетија дека од почетокот на кризата до сега, долгот е зголемен за 15%. Долговите – увертира за раст на даноците ! Иако Македонија и со сегашните стапки на Јавен долг останува во зоната на умерена задолженост, домашната академска јавност предупреди на опасноста од загрозување на кондицијата з аредовна отплата на долговите што може да води кон раст на даноците. Академик Таки Фити смета дека стапките на дефицит и на Јавен долг сеуште се на ниско, умерено ниво, но според него клучното прашање е дали економијата ќе може да ги сервисира обврските кон кредиторите„Процентите не се високи, но ние оваа проблематика мора да ја гледаме низ призмата, можностите и капацитетите на македонската економија за финансирање на буџетските дефицити и кондицијата за нормално сервисирање на јавниот долг, особено од аспект на слабите извозни перформанси на македонската економија. А тое е еден сериозен и еден клучен проблем. Од досегашниот изминат период јасно е дека голем дел од тие буџетски дефицити завршија за непродуктини трошења како админситративни згради , споменици и така натаму. Дополнително сите тие објекти ќе бараат екстра – трошоци, а од друга страна имаат многу слаби, а во некои случаи и негативни мултипликативни ефекти.“ – објаснува академик Фити.Економистите сметаат дека веќе од следната година треба да почне процес на намалување на буџетскиот дефицит, односно долговоите, а тоа, според нив, би се постигнало со намалување на владината потрошувачка.
“Иако владата засега останува на ставот дека нема да има потреба од зголемување на даноците, ако се соочи со висок долг тогаш ќе треба похрабро да го намали дефицитот за да опстои на сегашната даночна политика“ – оцени Фити.Неодамна и гувернерот Димитар Богов изјави дека во 2014 та година очекува намалување на задолжувањата.
“Темпото на задолжување ако го гледате во Македонија, а еве и според податоците од Светска Банка што беа презентирани, секаде задолжувањето беше исто, дури и во некои земји тоа темпо беше побрзо. Тоа сведочи дека бевме во еден период кога тоа беше непоходно, односно дека сите мораа да водат антициклични фисклани политики со што се поттикнуваше економијата. Но веќе тој период одминува, со закрепнувањето на приватниот сектор веќе мора да дојде и до намалување на фискалниот стимул. “ - изјави гувернерот Димитар Богов.Слична порака испрати и Патрик Житон, претставникот на ММФ во земјава.
“Долгот на владата се уште е умерен и е еден од најмалите во регионот, но многу е зголемен во текот на изминатите години. Од почетокот на кризата тој се зголемил за 15%, што е значително. Има потреба од контролирање на нивоата на долговите, како и фискална консолидација, што значи дека намалувањето на фискалниот дефицит ќе го поттикне кредибилитетот на политиката и на крај ќе создаде простор економската политика да реагира ако во иднина има некакво опаѓање“ - оцени Житон, претставникот на ММФ.На истекот од оваа година, Светска банка даде позитивна оценка за економската состојба во земјава, но предупреди на темпото на создавање на јавниот долг и упати на негова контрола. Според Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, во однос на јавниот долг , тој не е загрижувачки, но треба да се контролира.
„Македонија нема јавен долг што излегува од контрола во споредба со другите земји во регионот. Меѓутоа Владата треба и понатаму сериозно да го сфаќа ова прашање како што беше и досега“, изјави Проскурјакова.До година, според планот на Владата, недостатокот на пари ќе се финансира главно од домашните кредитори. Владата не ја исклучува и можноста за издавање на Еврообврзница, но тоа вели дека ќе зависи од условите на меѓународниот финансиски пазар.
А.Д.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.