05 Декември, 2025
0.0874

За половина година Владата ги преполовила парите на својата сметка во НБРМ!

Објавено во: Финансии 31 Јули, 2014 08:33

Добивај вести на Viber

Вкупно се повлечени 8,9 милијарди денари односно 144,3 милиони евра , а најголеми повлекувања пари од сметките има во периодот јануари –февруари 68,8 милиони евра и во периодот март-април уште 40,5 милиони евра Владата ги намалила своите депозити во Народната банка за 8,9 милијарди (144,3 милиони евра) денари за период од шест месеци, од почетокот до крајот на јуни годинава, покажуваат новите официјални податоци на централната банка објавени на нејзината интернет страница. Во овој период од шест месеци Владата ги преполовила , односно ги намалила за 54 отсто, парите што ги имала на своите сметки во централната банка. Во ставката трансферабилни депозити кои се исклучени од монетарната база Владата на почетокот на годинава чувала 16,52 милијарди денари односно (268,23 милиони евра). На крајот на јуни на своите сметки кај централната банка Владата имала 7,6 милијарди денари односно 123,38 милиони евра. Засега нема официјално образложение за кои намени биле трансферирани или потрошени овие 144,3 милиони евра од сметките во централната банка. Според аналитичари можно е да се работи за плаќања кои Владата ги сервисирала во одредениот временски период. Постои можност тие средства само да биле трансферирани во други банки или со нив да биле плаќани некои достасани обврски на Владата. Некои аналитичари ја оставаат отворена и можноста, дека во најголема мерка, одлевањето на парите се должи на тоа што со тие пари би можеле да бидат плаќани и сервисирани одредени обврски кои Владата морала да ги плаќа во периодот пред и за време на предвремените парламентарни избори – период во кој не смее да се задолжува со издавање на домашни краткорочни хартии од вредност односно државни записи. Гледано според месеци најголем одлив има на преодот од јануари во февруари кога Владата од сметките во централната банка извлекла 4,24 милијарди денари односно 68,8 милиони евра. Во следниот месец – март сметка била потенка само за 111 милиони денари што е убедливо најмалото повлекување на пари од тие сметки. Во преодот од март во април Владата од сметките повлекла 2,5 милијарди денари односно 40,55 милиони евра и на крајот на април на сметките останале 9,67 милијарди денари. Во наредниот месец од сметките биле повлечени дополнителни 0,92 милијарди денари (14,9 милиони евра) и на крајот на тој месец останале на располагање уште 8,76 милијарди денари. До крајот на јуни биле повлечени дополнителни 1,12 милијарди денари односно 18,26 милиони евра со што на сметката останале расположливи 7,63 милијарди денари. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката