„ЗА ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА И ПОЕВТИНА ХРАНА“: СДСМ со предлог закон бара намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти
Објавено во: Финансии 17 Февруари, 2025 13:25
Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните се потешко ги задоволуваат основите животните потреби. Цените на основните прехранбени производи растат без контрола, а семејните буџети се под постојан притисок. Граѓаните плаќаат и повисоки сметки за струја, кои само во јануари се зголемија за 20 до 30 проценти... Ова го посочи Фатмир Битиќи, пратеник во Собранието од редовите на СДСМ на денешната пресконференција во Собранието.
Тој посочи дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата до Собранието денеска поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој бараат намалување на данокот за електричната енергија од 18 проценти на 5 проценти и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од 5 проценти на 0 проценти.
Како што информираш Битиќи, со овие предлог-измени бараат системска реализацијата на две од седумте економски мерки на СДСМ.
- Намалувањето на ДДВ за електричната енергија ќе значи 13 проценти пониски сметки, односно поевтина струја за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари – износ што, наместо да оди во државниот буџет, ќе остане во семејните буџети. Додека пак, укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи ќе донесе до поевтинување на храната, односно намалување на цените на основните прехранбени производи за 5 проценти - рече тој.
Битиќи нагласи дека и покрај тоа што со месеци Владата ветуваа мерки за намалување на цените, гледаме, како што рече, целосен дебакл на владините политики.
- Таканаречените „антикризни празнични кошнички“ доживеаја фијаско. Најавеното замрзнување на маржите сè уште не е донесено! Додека Владата да реагира за цените на храната, граѓаните почнаа да плаќаат и повеќе за струја. Се формираше Министерство за енергетика, но минатата година тоа реализираше само 50% од планираните капитални инвестиции. Домашното производство на енергија не расте, што нè прави уште позависни од скап увоз. Во ноември, планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реално беа увезени 351,3 GWh. Истото се повтори во декември, кога планираниот увоз повторно беше 0 GWh, а се увезоа 425,7 GWh - појасни тој.
Со поднесувањето на овој Предлог-закон по скратена постапка, како што потенцира Битиќи, започнуваме процес за системска реализација на мерките што директно ќе го олеснат финансискиот товар на граѓаните.
- Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за животниот стандард, ќе го поддржи овој предлог. Секое одолговлекување значи нов удар врз семејните буџети. Секој глас „ЗА“ ќе биде глас за реални, опипливи решенија. Владејачкото мнозинство досега ја претвори скратената постапка во своја омилена политичка алатка – кога треба да се протурка закон за вонинституционално договорени партиските шеми. Но, денес, за првпат, им се дава можност да ја искористат оваа брза трака за нешто што навистина ќе го почувствуваат сите граѓани – за пониски сметки за струја и поевтина храна - заклучи Битиќи.
Фото: СДСМ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





