05 Декември, 2025
0.0688

За проблематични кредити се врзани 427 милиони евра, подобри денови во второто полугодие!

Објавено во: Финансии 25 Јуни, 2013 07:44

Добивај вести на Viber

Драматично ниска стапка на кредитен раст во првите четири месеци од годинава. Од јануари до април – кредитната активност на ниво на целиот банкарски сектор изнесува само 1 отсто. Оваа бројка ја отвора дилемата дали до крајот на годината ќе се оствари проекцијата за кредитен раст од 7 проценти. Според пресметките на банкарите, за да се реализира проектираната стапка, до крајот на годината вкупните кредити треба да се зголемат за цели 300 милиони евра. Првиот човек на банкарското здружение и директор на НЛБ Тутунска Банка, Ѓорѓи Јанчевски вели дека податоците за економски раст во првиот квартал навестуваат оптимизам, но посочува дека растот треба да продолжи за да се рефлектира и во банкарскиот сектор. „Доколку стопанството има пораст тоа се одразува и кај кредитите за компаниите и кај кредитите за населението. Оптимистички е што во првиот квартал, Македонија излезе од онаа „статус-кво“ ситуација, пришто е регистриран раст од 2,9 %, а тоа на некој начин ќе биде сигнал и да пораснат кредитните активности. Доколку се продолжи тој тренд, се очекува и проектираните 7 % на раст на кредитите до крај на годината да се остварат“ - изјави Јанчевски. Заклучно со мај, вкупните кредити изнесуваат 3,6 милијарди евра, од кои на кредити на домаќинства отпаѓаат 1,4 милијарда евра, а на кредити на приватен и јавен сектор 2,1 милијарда евра. Нефункционални кредити Додека кредитирањето се движи со „лазечко“ темпо, расте бројот на нефункционални кредити. Најновите податоци на Народната Банка покажуваа дека заклучно со мај овие кредити достигнаа ниво од 427,5 милиони евра или 11,9 отсто од вкупниот кредитен пласман. Процентот на раст на проблематичните кредити се зголемува и кај приватниот сектор и кај граѓаните. Трендот на раст на проблематичните кредити од април се прелеа и во мај. Само за пет месеци или од јануари до мај, салдото на нефункционални кредити е зголемено за 381,6 милиони евра. “Сеуште трае тој тренд на пораст. Делумно, причината е поради намалени кредитни активности. Кога има поголема кредитна активност процентуалниот дел на нефункционални кредити се намалува во вкупниот износ на активности. Сега имаме минимален раст односно пад на кредитните активности и тоа се одразува и на нефункционалните кредити, кои сеуште се во рамките на толерантен износ.“ - оценува претседателот на Здружението на Банкари, Јанчевски. За годинава, Народната Банка проектираше кредитен раст од 7 отсто. Заклучно со мај приливите по основ на наплатена камата изнесуваат 80,5 милиони евра. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката