17 Декември, 2025
0.0563

За прошетки во Италија од касата на Центар се одлеале 1,5 милиони евра!

Објавено во: Економија 16 Август, 2013 20:47

Добивај вести на Viber

За пет години потрошени се 1,5 милион евра од касата на општина Центар само за авионски карти, летови и ручеци во Италија, покажала ревизијата во општината која се спроведе по барање на новото општиско раководство. Парите биле потрошени во периодот од 2008 до 2013 година од страна на поранешните градоначалници, раководителите и скулпторите кои патувале главно во Фиренца, каде што се правеа голем дел од спомениците подоцна поставени на Плоштадот во Скопје. Како што истакна градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски,  на товар на Општина Центар патувале 57 лица со оправдување дека треба поблиску да се запознаат со условите каде што ќе се леат спомениците за Скопје 2014. Само скулпторката Валентина Стефановска, во Италија заминала 25 пати на општински трошок, но патувале и општинари кои немале никаква врска со проектот. „Трошокот за авионски билети е нешто помалку од 1 милион евра, или вкупно 1.5 милион евра се потрошиле за патување и сместување во Италија. Прашувам што барал претседателот на Советот таму и кој се согласил буџетот на Центар да се олесни за 1.5 милиони евра“, изјави Жерновски кој се жалеше дека на почетокот на својот мандат ја затекнал целосно испразнета општинската каса. Денеска Жерновски го достави до Основното јавно обвинителство првиот дел од наодите со ревизијата на документите од Центар, а поврзани со проектот Скопје 2014.  

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?