19 Декември, 2025
0.0545

ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ИМА МУЗИКА ВО КОЧАНИ: Ќе се слави Петровден празникот на градот, лавина реакции од граѓаните

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2025 13:44

Добивај вести на Viber

Во сабота по повод големиот христијански празник Петровден, во Кочани, ќе се одржи прослава на патронот на градот - Петровден. Според достапниот план за петок и целиот викенд, се очекува настап и на културни друшта но и на македонски музички групи и ѕвезди.

Граѓаните со големо негодување реагираа на овој настан, со оглед на тоа што градот се уште е во голема тага за трагедијата што се случи во дискотеката Пулс, но градоначалникот тврди дека на сите им е потребно малку музика.

Сите ја носиме болката од несреќата што нè погоди. Но, време е да се собереме и не бегаме еден од друг! По разговори со психолози, експерти за трауми и социјални работници, па и со луѓе од Шведска што поминале низ слична тага, нивните препораки се: дружбата, но и музиката ни се потребни за да заздравиме.

Не зборуваме тука за големи забави, туку за моменти кога можеме заедно да слушаме музика, да се видиме со семејството и со пријателите што ретко ги среќаваме, да си дадеме сила еден на друг.

Младите се нашето утре. Им треба простор да зборуваат и да не се чувствуваат сами, но и немаме опција да дозволиме нивна дружба по другите градови и небезбедно враќање од таму.

Ова не значи дека го забораваме минатото – туку дека ја прифаќаме болката и пробуваме да се бориме со неа заедно!

Нашите мали бизниси во Кочани едвај врзуваат крај со крај. Нашите порти треба да ги отвориме за соседните градови и сите оние кои беа навикнати да пазаруваат овде и да ги поддржат нашите ресторани, мали и средни претпријатија. Секој настан, секоја средба е шанса да им помогнеме, но и да им дадеме сигнал на сите дека ПОРТИТЕ на КОЧАНИ се отворени.

За сите што сакаме да им оддадеме почит на тие што ги изгубивме, имаме комеморација во сабота и Планинарски петровденски марш в недела, за да покажеме дека сме заедно во големата загуба.

Да ги отвориме вратите на наше Кочани, да се собереме и да си дадеме поддршка! За нашите луѓе, за нашите млади, за нашиот град – заедно сме посилни!“, се вели во пишаното обраќање на градоначалникот Крстевски.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината