За прв пат пари од ИПА за шумите, еве за што ќе се трошат 15 милиони евра
Објавено во: Финансии 07 Јуни, 2018 11:12
За финансирање на земјоделството во Македонија преку Инструментот за претпристапна помош на Европската унија ИПА 2019 ќе добие 15 милиони евра.
За прв пат финансиска поддршка од ИПА 2019 ќе добие секторот шумарство во насока на воспоставување на шумарски информативен систем кој ќе биде важна компонента за одржливо стопанисување со шумите, за креирање на политиките за приближување на македонското шумарство кон современите текови и обезбедување на податоци кои се важни за развојот на овој сектор.
Продолжува поддршката за инвестиции во мали системи за наводнување со околу дополнителни 3,5 милиони евра. Преку ИПА 2013 во тек е изработка на 8 физибилити студии од кои три ќе бидат финансирани преку ИПА 2015 за кои се обезбедени 3 милиони евра со кои до септември ќе се подготват три физибилити студии за мали системи за наводнување по што ќе започне процедурата за изградба.
Исто така со ИПА 2019 е предвидено финансирање на процесот на консолидација на земјоделското земјиште, за што се планирани околу 500 илјади евра.
Со ИПА 2019 продолжува финансиската поддршка за земјоделските задруги, како еден од моделите за окрупнување на македонското земјоделство и приближување до европските стандарди.
Со цел навремено информирање на земјоделците и давање на совети кои им се потребни, со расположливите средства од ИПА 2019 ќе се поддржат советодавните услужни дејности, во насока на создавање на европски модел за советодавни услуги за земјоделците.
Со проектираната сума од ИПА 2019, предвидена е финансиска поддршка за воспоставување на систем за нус производи од животинско потекло, што е важно за контрола на болестите на животните.
Со околу 1,5 милиони евра ќе се финансираат фитополитиките во насока на подобра поврзаност со сите други системи во секорот земјоделство, како и за модернизирање на ГЕМ-банката за автохтони сорти во Република Македонија.
Од Делегацијата на Европската унија посочија дека се залагаат за финансирање на проекти во помалку развиените региони како југозападниот регион, североисточниот и полошкиот регион. На состанокот се разгледаа и тековните проекти финансирани од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Важно за сите што патуваат со авион: Оваа услуга на аеродромот е драстично поскапа
Изнајмувањето на овие работи е малку пари: Може да се земат до 200 евра месечно
Невидливата цена во текот на зимата: Отворањето на прозорците всушност ви одзема многу пари од џебот
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори





