17 Декември, 2025
0.0596

За прв пат во историјата Хрватска избира жена за претседател

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2015 09:41

Добивај вести на Viber

Колинда Грабар Китарович е новиот претседател на Хрватска и доаѓа на местото на актуелниот претседател Иво Јосипович кој е првиот челник на државата што не успеа да освои втор мандат. Со победата на својата кандидатка ХДЗ за прв пат по 15 години дава претседател од своите редови. Со помалку од 19 илјади гласови разлика, кандидатката на ХДЗ Колинда Грабар Китарович го победи претседателот во заминување Иво Јосипович и стана првата претседателка на Хрватска не до сега најнеизвесните претседателски избори од хрватската независност. Поради тесниот резултат во првиот круг, во кој Јосипович пред Колинда Грабар Китарович истурка тенка победа, актуелните претседателски избори беа оценети како најнезависни до сега. Тоа го потврди и вториот круг во кој продолжи тесната и неизвесна трка во која Грабар Китарович по почетното водство на Јосипович освои победата. На изборите во Хрватска се покажа дека секој добиен глас во кампањата може да биде пресуден. Грабар Китарович во вториот круг, според неофицијалните податоци добиени на полноќ, освоила 50,43 отсто од гласовите или 1.101.018 гласови, додека Јосипович останал на 49,57 отсто или 1.082.158 освоени гласови. Колинда Грабар Китарович уверливо води и во дијаспората, каде има 87 отсто од гласовите наспроти 13 отсто за Иво Јосипович.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата