19 Декември, 2025
0.1614

За прв пат во Македонија четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018 10:48

Добивај вести на Viber

Вчера, во Француската Амбасада во Република Македонија, во присуство на медицинската јавност се одржа медицинска конференција за важноста на имунизацијата и улогата на вакцините. На неa беше презентирана платформата за едукација на населението под име „Заштита од грип, важноста на имунизацијата и улогата на вакцините”.

Пред истакнатите имиња од здравството, лекари, имунолози и медицински професионалци, се обрати францускиот амбасадор Кристијан Тимоние’, како и министерот за здравство Венко Филипче кој ја презентираше стратегијата за имунизација на населението и новите, високоефективни четиривалентни вакцини со кои отсега ќе можат да бидат опфатени и социјално загрозените категории но и ранливите категории како деца и трудници.

Амбасадорот потсети на традиционално добрите билатерални односи во областа на здравството, особено на изборот на професорот Зоран Гучев, познат ендокринолог и педијатар, како и на многубројните врски што во текот на студирањето ги создаваат македонски лекари во Франција. Тој најави дека Француската Агенција за развој, во иднина ќе може да дејствува во Македонија, особено во областа на здравството, што ќе отвори нови перспективи за коишто амбасадорот разговараше со министерот за Здравство, г. Венко Филипче. Тој исто така ги поздрави неодамнешните одлуки за снабдување со инсулин со константен и проверен квалитет што зборува за сериозниот пристап на новите власти и нивната волја да се приклучат кон европските здравствени стандарди. Соработката со „Санофи Пастер”, француската фирма со меѓународна репутација, е важен елемент од безбедноста во областа на здравството, кон којашто сакаме да дадеме целосен придонес.

“За првпат во Македонија, успеавме да набавиме четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца. Годинава, вакцините против сезонски грип се бесплатни за лицата над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Четиривалентната вакцина е производство на Француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“ и се надевам дека оваа вакцина ќе  биде одлична превентивна заштитна мерка против грип оособено за лицата постари од 65 години, хронично болните, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет, изјави Доц. д-р Филипче, Министер за здравство.

На настанот бeа презентирани податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската комисија кои покажуваат дека грипот може да убие повеќе луѓе отколку сообраќајни незгоди. Тој е одговорен за 70.000 смртни случаи годишно во Европската унија, од кои 90% се на возраст над 65 години, луѓе главно со придружни хронични болести.

Министерството за здравство за прв пат набавува 28.000 дози на висококвалитетни вакцини против грип од реномирани производители со кои бесплатно ќе се вакцинираат лицата постари од 65 години со просечна или потпросечна пензија и останатите социјално загрозени лица. 

Повеќе детали читајте на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица