19 Декември, 2025
0.0357

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ - швајцарската Влада и централна банка досега за УБС и Кредит Свис обезбедија 260 милијарди франци

Објавено во: Финансии 20 Март, 2023 22:47

Добивај вести на Viber

UBS и Credit Suisse припаѓаат на групата од 30 глобално системски важни банки, чие работење е под будното око на регулаторот. Швајцарската влада и централната банка обезбедија 260 милијарди швајцарски франци (280 милијарди долари) за Credit Suisse и UBS, покажуваат документите, што е еднакво на една третина од бруто домашниот производ (БДП) на Швајцарија.

UBS објави дека ќе плати 3,4 милијарди долари за пропаднатиот Credit Suisse, а владата на таа сума ги додаде и првите 5,4 милијарди долари загуби од деривати и други ризични средства.

Договорот за преземање вклучува огромна поддршка од државата и централната банка од програмата за заем и подобрување на ликвидноста и владино ветување дека ќе апсорбира до девет милијарди франци потенцијални загуби од преземањето.

Минатата недела Credit Suisse објави дека обезбедила 50 милијарди франци од швајцарската централна банка од програмата за обезбедени заеми и краткорочна ликвидност. Програмата може да се користи доколку вредноста на колатералот, како што се хипотеките и хартиите од вредност, е поголема од износот на заемот.

Згора на тоа, централната банка и понуди на банката создадена со спојувањето на UBS и Credit Suisse итен заем за ликвидност до 100 милијарди швајцарски франци и уште 100 милијарди франци од државниот механизам за заштита на ликвидноста, што е експресно гарантирано од швајцарскиот влада.

Вкупно 259 милијарди франци поддршка одговара на третина од швајцарскиот БДП, кој минатата година изнесуваше 771 милијарди франци.

Централната банка не сакаше да одговори на прашањето дали Credit Suisse или UBS ги искористиле понудените пари.

И UBS и Credit Suisse припаѓаат на групата од 30 глобално системски важни банки, чие работење е под будното око на регулаторот.

„Владата ќе мора да им објасни на гласачите зошто ги ставаат на ризик парите на граѓаните, даночните обврзници, за да спасат банка која главно им служела на ултрабогатите, правела неверојатни работи во инвестициското банкарство“, изјави поранешен извршен директор на глобална банка за Ројтерс.

(Извор: Ројтерс, Пословни дневник)

Фото: EPA

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми