За шест месеци Ковид -19 однесе скоро милион животи во светот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Септември, 2020
За шест месеци вирусот Ковид -19 однесе скоро милион животи во светски рамки.
Пандемијата започна пред шест месеци, а денес вирусот зема замав во многу земји.
Во светот починаа над 919.000 луѓе, заразени се над 28.6 милиони, а оздравеле повеќе од 20.5 милиони луѓе.
САД, Индија, Бразил, Русија, Перу имаат најмногу случаи.
Во САД има скоро 200.000 починати од коронавирусот.
Индија има над 77.000 смртсни случаи, а во Бразил од вирусот починале нешто повеќе од 130.000 луѓе.
Се претпоставува дека коронавирусот ќе биде ставен под контрола во рок од две години.Ова го соопшти прес-службата на Светската здравствена организација.
Во Македонија вчера властите соопштија за нови 142 заразени, но и 5 починати.Бројките на позитивни во Македонија се високи.