13 Февруари, 2025
0.0339

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Контролата спроведена кај производителот на зелката што неодамна беше вратена од Хрватска поради нејзина наводна неисправност и направените анализи покажала дека во посочената земјоделската култура не било детектирана употреба на забранети препарати за заштита. Тоа го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој во Охрид ги следеше активностите за вештачки мрест на еднемичниот вид охридска пастрмка.

- За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е производителот, кој е извозникот. Преку Инспекторатот за земјоделство направени беа дополнителни контроли, земени се мостри од извезениот градинарскиот продукт. Направените анализи испаднаа негативни односно покажаа дека таков препарат не е употребен во земјоделската култура, рече Трипуновски одговарајќи на прашање на новинарите по однос случајот.

Министерот Трипуновски рече дека не знае дали се работи за некаква грешка на хрватските гранични контроли, но категорично изјави дека во Македонија кај посочениот земјоделец не се пронајдени такви недозволени пестициди ниту анализите покажале употреба на забранети средства.

Тој истакна дека засилени се контролите во делот на илегална односно недозволена трговија со препарати за заштита на растенијата.

- Работиме на проширување на дозволената листа препарати, со цел земјоделците да имаат пристап до повеќе препарати кои се можеби и поевтини и со поголема ефикасност, рече министерот Трипуновски. 


Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

„МАРКЕТЏИИТЕ“ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ, БАРААТ ИТНА СРЕДБА СО ВЛАДАТА: „Одлуката за ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на 86 фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени

„МАРКЕТЏИИТЕ“ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ, БАРААТ ИТНА СРЕДБА СО ВЛАДАТА: „Одлуката за ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на 86 фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени

НЕЛОГИЧНО Е ДА ИМА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 3 ПОСТО, А ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ДО 30 ПОСТО: Битиќи вели граѓаните живеат се потешко

НЕЛОГИЧНО Е ДА ИМА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 3 ПОСТО, А ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ДО 30 ПОСТО: Битиќи вели граѓаните живеат се потешко

Раст на акциите на руските компании по разговорот на Путин со Трамп

Раст на акциите на руските компании по разговорот на Путин со Трамп

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ ЌЕ МОЖАТ ДА ИМААТ ПО СЕДУМ КАБИНЕТСКИ СЛУЖБЕНИЦИ И ПО ПЕТ НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ - подготвен нацрт законот за административни службеници

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ ЌЕ МОЖАТ ДА ИМААТ ПО СЕДУМ КАБИНЕТСКИ СЛУЖБЕНИЦИ И ПО ПЕТ НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ - подготвен нацрт законот за административни службеници

И поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски станува бизнис консултант

И поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски станува бизнис консултант

ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА КУПУВАЊЕТО НА SBB: Се беше завршено на полноќ, еве колку беше „тешка“ работата

ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА КУПУВАЊЕТО НА SBB: Се беше завршено на полноќ, еве колку беше „тешка“ работата

ЧОКОЛАДИТЕ ПОСКАПУВААТ ВО СВЕТОТ: Производителите објаснија зошто цените мора да се зголемат

ЧОКОЛАДИТЕ ПОСКАПУВААТ ВО СВЕТОТ: Производителите објаснија зошто цените мора да се зголемат