Добивај вести на Viber
Ако Америка беше ветената земја, а американскиот сон цел на многумина, нештата полека го губат своето значење во новиот општествен контекст. Така, ако порано американскиот сон значел просечен брачен пар да има две деца на факултет, убава куќа со двор во предградието, две коли, куче или мачка, сега барањата се поскромни и секој четврти Американец на возраст од 18 до 24 години сонува да нема долг кон банките, покажува истражувањето на Credit.com.
Ако порано поседувањето куќа било посакувано како и доказ за општествениот статус, сега мал број на граѓани сонуваат за ова. Од Credit.com посочуваат дека жителите на САД имаат други соништа, а најмногу од нив или 27,9 отсто сонуваат за заминување во пензија на 65 години, само 18,2 отсто мислат дека е најдобро да имаат своја куќа, а 23 отсто сонуваат да се ослободат од долговите во банките.
Дури секој шести граѓанин кој учествувал во истражувањето има чуство дека до крајот на животот нема да се извлече од долговите. Финансиската сигурност е многу важна и при изборот на љубовен партнер, па повеќето испитаници рекле дека не сакаат партнер кој е финансиски неодговорен.