20 Декември, 2025
0.1237

За Скопје откривме, а што ли го гуши Тетово и кога Југохром не работи?

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2016 12:21

Добивај вести на Viber

За Скопје веќе е објавена анализата за изворите на загадување на воздухот каде суровата реалност вели дека со 32% учествува загревањето на домаќинствата што е и разбирливо. Енергетската сиромаштија кај граѓаните доведува да се користи секаков вид на материјали за загревање, нечесто тоа се гуми, пластика, несоодветно дрво.

Идентичен е проблемот и во Тетово, за што некои невладини организации до неодамна тврдеа дека главен виновник за загадувањето на градот под Шара е комбинаткот Југохром. Сепак, и по затварањето на фабриката на почетокот на ноември, Тетово и натаму е меѓу најзагадените градови во Македонија, а Тетовчани иронично се прашуваат што ли сега ги гуши кога комбинатот не работи.

Активисти од организацијата Гоу Грин неделава побараа и за Тетово да се изработи соодветна студија која ќе ги анализира изворите на загадување, за потоа да се применат мерки на вистинското место. Притоа, Александар Трпковски од Гоу Грин наведува дека се свесни дека Југохром не работи, а загадувањето се уште постои, заклучувајќи дека најголемиот проблем е што не се знае од каде доаѓа најголемото загадување!

Досега и самата компанија Југохром во повеќе наврати јавно искажа подготвеност од сопствени средства да финансира едно темелно истражувања за аерозагадувањето во Тетово, за изворите и главните причинители. 

“Неколку пати, дури и формално до локални и национални инструтции, како и јавно, сме изразиле подготвеност компанијата да финансира студија за загаденоста во Тетово, која би ја изработиле независни, еминентни интернационални експерти од оваа област, за конечно да се дознае кои навистина се најголемите загадувачи во Тетовско, за да можат да се демистифицираат некои работи. Затоа што ние знаеме дека Југохром не е ниту најголемиот, ниту единствениот загадувач на Тетово”, вели Васил Скендеровски, Генералниот директор на Југохром Алзар.

Според анализата направена за Скопје, домаќинствата со 32%, сообраќајот со 20% и уличната прашина со 19% се најголемите загадувачи на воздухот кој го дишеме во метрополата, а далеку зад нив како загадувач се јавува индустријата. Овие податоци се дел од Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во подрачјето на скопскиот регион, а стратегијата е изработена од страна на Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Министерството за животна средина и градот Скопје.

Токму вакво нешто му е потребно и на Тетово со оглед на тоа дека долго време е еден од најзагадените градови на само во Македонија, туку и пошироко. Потребни се иновации во сообраќајот, воведување на новите трендови со возила кои помалку загадуваат, изготвување на долгорочна стратегија која на илјадници семејства би им помогнала да си го решат проблемот со затоплување на домовите и со тоа да не се решаваат да загадуваат, потоа воведување и проверка на системите за загревање и во објектите на правните лица, големите комплекси, како и државни или административни згради кои исто така подлежат на законски обврски за проверка и одржување на оџаците за греење, како и конечно да им се стави крај на дивите депонии и на “дивите” индустриски капацитети...

Високиот степен на загаденост на воздухот со штетните микро ПМ10 честички секако дека е доволна причина да ги разгневува граѓаните на Скопје, Тетово и останатите поголеми градови низ Македонија кои имаат проблем со аеорозагадувањето, особено кога мерењата веќе подолго време покажуваат опасно ниво. За да се реагира соодветно освен самите мерење потребни се и повеќе информации за изворите на загадување. На тој начин би се вовеле долгорочни мерки кои ќе бидат насочени токму кон главните извори на загадување, наместо да бидат реактивни или привремени. 

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки