06 Октомври, 2024
0.1128

За три месеци „летнаа“ 87 стана – рекордна продажба во „Адора Инженеринг“

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Со рекордна продажба на 87 елитни станови во првите три месеци од годинава, Адора Инженеринг забележа пораст на продажбата од 45% споредено со првото тримесечје од 2013 година. Само во март годинава оваа градежна компанија продаде 37 елитни станови, што е за 77 % повеќе од истиот период минатата година. Во текот на март се продаваа повеќе од еден стан дневно, а рекордот беше продажба на седум станови во еден ден. „Високата продажба на станови во првите три месеци од годинава се должи на тоа што граѓаните се добро информирани што купуваат, благодарејќи на потврдениот и препознатлив градежен бренд Адора Инженеринг. Компанијата 12 години е синоним за висок квалитет на градба, врвна сеизмичка безбедност, геомеханичка стабилност, што два пати научно и практично е докажана со вештачки земјотрес на наши станбени објекти и долгорочната економичност на енергетски ефикасните станови, кои до шест пати штедат потрошувачка на енергија за греење. Рекордната продажба се должи на поволната цена на квалитетните станови, следењето и примената на современите светски стандарди и трендови во домувањето, посветената и професионална работа на менаџерскиот, стручниот и градителски тим на Адора Инженеринг кој постојано се усовршува и едуцира за брза и квалитетна еко градба, препознаена како најсигурна инвестиција и трајна вредност од купувачите. Придонес за високата продажба на Адора Инженеринг има и големиот интерес за проектот „Купи куќа, купи стан“, кој го раздвижи пазарот на недвижнности, стабилната монетарна политика, стабилниот банкарски систем, како и поволната бизнис клима што државата ја креира особено во градежниот сектор“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг. Според него нагорниот продажен тренд во компанијата е добар показател за раздвижувањето на прометот со недвижности, што позитивно се рефлектира врз производството на градежните материјали, ангажирањето на градежните работници, проектанти, инженери, инвеститори и воопшто врз раздвижувањето на македонската економија. Адора Инженеринг е 18-та најуспешна компанија во 2013-та година според Централниот Регистар на Р.М, кој последните години ја рангира меѓу 20-те најуспешни компании, како една од најбрзорастечките компании во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми