За викенд посвежо, од понеделник разведрување
Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 08:24
Утре се очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и топло време.
Попладне во северозападните, западните и југозападните предели ќе имаме нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат од 0 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 14 степени. Во сабота се очекува посвежо утро со утрински температури од -2 до 7 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и свежо време со максимални температури кои ќе достигнат до 2 односно до 12 степени. Трендот на опаѓање на утринските температури ќе продолжи и во недела кога ќе се спуштат од -3 до 5 степени и во понеделник кога ќе се движат во интервал од -5 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло време со пораст на дневните температури кои во недела ќе се движат од 4 до 14 степени, а во понеделник од 6 до 16 степени.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




