„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2025
ДУИ реагира дека на Вевчанскиот карневал се „симулирало“ претепувањето на пратеникот Зијадин Села на 27 април 2017 во Собранието.
Партијата најостро го осудува неприфатливиот чин на исмејување и сатиризирање на обидот, како што велат од таму, за атентат врз Села.
„Ова е тешко нарушување на човечкото достоинство и опасна провокација за мирот и социјалната стабилност.
Незамисливо е вака сериозен настан, кој шокираше многу граѓани и зад себе остави сериозни последици по животот на поединци, да биде искористен како предмет на потсмев и омраза на јавен настан“, соопшти ДУИ.
Од таму додаваат дека ниту една од институциите не презела мерки и ги повикуваат да реагираат соодветно на овој чин.