Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2025
По неколку месечната потрага по исчезнатата Лидија Трајковска од селото Јурумлери, пристигна тажна вест дека е извлечено тело од водите на реката Вардар.
Иако официјално од институциите се уште се прават испитувања, медиумите пренесуваат дека телото кое беше излвечено најверојатно е на Лидија.
Како што пренесува 24инфо.мк жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери, за што потврда добиле од од нејзините најблиски.
Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат беше забележана на автобуската станица во селото Јурумлери.
Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање.