27 Ноември, 2024
0.0240

ЗА ВРАЌАЊЕ НА ОДЗЕМЕНИТЕ ИМОТИ ВО СОЦИЈАЛИЗМОТ ДОСЕГА ПЛАТИВМЕ 390 МИЛИОНИ ЕВРА - ќе бидат потребни уште две емисии обврзници и уште пари

Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Процесот на денационализација во земјава никако да заврши, иако државава досега за таа намена има потрошено близу 390 милиони евра.

За да се раздолжи државата кон сопствениците на присилно одземените имоти за време на социјализмот, ќе бидат потребни уште пари.

Практично, тие имоти им биле одземани на сопствениците после втората светска војна, под образложение дека се потребни за општокорисни цели.

Иако досега беа извршени дури 20 емисии на обврзници за денационализација, односно хартии од вредност со кои на сопствениците на одземените имоти на рати им се враќа долгот на државата по тој основ, ќе бидет потребни уште две емисии, и тоа првата во вредност од девет, а втората од осум милиони евра. Или, мора да се направат уште две емисии на вакви обврзници.

Затоа власта планира да направи измени во Законот за издавање на обврзници на Македонија за денационализација. Имено, во сегашниот закон се предвидени 20 емисии на обврзници за денационализација, а Владата со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците што се издаваат, врз основа на надоместокот даден во обврзници со решенијата кои станале правосилни во тековната година. Почнувајќи од 2002 година па се досега земјава изврши 20 емисии на обврзници за денационализација, во вкупен износ од 386,5 милиони евра.

Како што објаснуваат од Владата, состојбата на долгот по основ на издадените обврзници за денационализација заклучно со крајот на октомври 2021 година изнесува уште 32,9 милиони евра.

„Процесот на денационализација заврши во првостепена постапка, но дел од решенијата не се конечни, односно по нив се уште се водат управни спорови или се вратени од судовите на повторно постапување. За да се овозможи исплата по овие предмети по нивната правосилност, има потреба од зголемување на бројот на емисиите на обврзници за денационализација. Со Предлог законот се предлага дополнително издавање на уште две емисии на обврзници за денационализација, со цел исплата на обврзниците кои ќе бидат утврдени со решенијата кои ќе станат конечни во претстојниот период“, објаснуваат од Владата која е предлагач на законот, а кој пред народните избраници ќе го брани министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во ова законско решение се вели дека се носи со цел зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од 20 - на 22, како би можело да се опфатат барањата за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање на обврзници, односно за да се овозможи исплата по решенијата за денационализација кои се уште не се конечни во управна постапка.

За спроведување на тој закон ќе бидат потребни дополнителни државни пари, и тоа околу девет милиони евра за 21-та и осум милиони евра за 22-та емисија на обврзници за денационализација.

Исплатата на овие обврзници ќе почне од 2023 година, и ќе тече во наредните десет години.

Овој закон ќе се носи по скратена постапка, а од власта тврдат дека причина за тоа е што не е во прашање обемен и сложен закон.

„Како резултат на дополнителните две емисии кои се предлагаат, со предлог законот ќе се овозможи исплата по барањата за денационализација по кои се водат спорови, а во кои како надоместок ќе се дадат обврзници“, велат предлагачите на законот.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите