Добивај вести на Viber
Транзицијата на Кина кон растот темелен на домашната побарувачка, е дополнително отежната од падот на индустриските активности регистрирани во јули, а под притисок е и пазарот на труд, покажуваат податоците на банката NSBC објавени денеска. Cето ова негативно влијае на целиот свет.
Според извештајот, PMI индексот на индустриска активност, во јули во Кина, падна од 48,2 на 47,7 поени, најниско ниво во последните 11 месеци. Тоа воедно е трет месец по ред како овој индекс се движи под 50 поени, што укажува на слабеење на активностите во втората по големина светска економија.
Подиндексот на вработувањето падна на 47,3 поени, најниско ниво од кулминацијата на глобалната финансиска криза од почетокот на 2009 година.
Ова е само продолжување на низата податоци кои укажуваат на забавување на растот на кинеската економија. Неодамна е објавено дека во второто тромесечје БДП-то пораснало за 7,5 отсто на годишно ниво, што е најбавен раст за последните 13 години и деветти од последните 10 во кои е забележено забавување на активностите.
И додека кинеската економија трпи поради слабости од надворешната побарувачка, со оглед на рецесијата во еврозоната и анемичниот раст на американската и јапонската економија, другите држави во светот трпат поради забавувањето на кинескиот раст и од слабеењето на кинеската побарувачка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.