06 Декември, 2025
0.0365

ЗАБЕЛЕЖЛИВИ: Сигурни знаци дека колегите не ве сакаат

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2017 12:18

Добивај вести на Viber

Мирната атмосфера во канцеларијата е исклучително важен фактор за успешната работа. Треба да знаете на кои колеги можете да им верувате и кои е подобро да ги избегнувате. Ако ви е тешко да го процените односот на другите кон вас, погледнете ги овие знаци, наведени од Business Insider - ако се присутни, значи на колегите дефинитивно не им се допаѓате.

1. Интуицијата ви кажува

Не ја ставајте под сомнение интуицијата. Ако се сомневате дека некој колега од канцеларијата не е особено пријателски настроен кон вас, одвојте екстра внимание на целокупното однесување. Со сите ли се однесува на тој начин или само со вас?

2. Не се разговорливи

Ако ги прашате колегите „Како сте?“ И добиете одговор "„OK„ или „Добро“ и ништо повеќе, постои веројатност да не сте меѓу најпопуларните луѓе во канцеларијата. Истото се однесува и за пораките во кои се поминува директно на прашањето, одминувајќи целосно нормален поздрав, од типот на "„Здраво“ и „Добар ден“.

3. Се однесуваат како шефови

Некои ваши колеги може да се обидат да ја ослабат и омаловажат вашата позиција, играјќи улога на шеф, и покрај јасниот недостаток на каква и да било реална власт.

4. Не го забележуваат Вашето присуство

Ако колегите не велат „Добро утро“, кога ќе пристигнете на работа или пак „Пријатна вечер“, кога си заминеѕе, најверојатно немаат позитивни чувства кон вас.

5. Испраќање негативни сигнали со јазикот на телото

Без разлика дали им се вкрстени рацете пред градите или се загледани со поглед во компјутерскиот екран, јазикот на телото често ги покажува вистинските чувства кои колегите ги чувствуваат кон вас.

6. Постојано ви противречат

Ако имате чувство дека некој постојано го оспорува секој ваш предлог, дури и пред да сте ја завршиле мислата, има голема веројатност овој човек да ве мрази до таков степен што да е пристрасен против секоја ваша идеја, дури и оние со кои би се согласил при други услови.

7. Никогаш не ве прашуваат за личниот живот

Дали сте забележале дека колегите зборуваат еден со друг за нивните деца, семејства и хобија, но никогаш не спомнуваат слични теми пред вас? Тоа значи дека колегите немаат намера да создаваат пријателски односи со вас.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката